Достапни линкови

ЕСМ предлага мерки за намалување на потрошувачката на струја


Во време кога земјава се соочува со енергетска криза, а со цел да се заштеди електрична енергија, од Електростопанство на Македонија предлагаат мерки, преку кои иако минимално, сепак се намалува потрошувачката на струја. Од ЕСМ упатуваат апел до граѓаните, рационално да се однесуваат со апаратите во домаќинството.

„Многу од нас не знаеме како може да се заштеди, на користење на болјерот или шпоретот или греењето што се голтачи на електричната енергија,“

изјави координаторот на секторот за комуникации во ЕСМ, Ленче Карпузовска.

Како обид да се излезе од енергетската криза во земјава, и Владата најавува одредени проекти преку кои ќе се зголеми енергетската ефикасност во земјава.

„Како да се подигне граѓанската свест и како да се користат обновливите енергетски извори,“

информира портпаролот на министерството за економија, Марија Весова

Граѓаните велат дека внимаваат колку трошат електрична енергија. Признаваат дека употребата на апаратите за домаќинство е сведена на минимум.

„Пазиме многу, плин имаме исто.“
„Додека беше ефтина струја гледав почесто ефтина струја да употребувам“
„Малку се заштедува, но со слаби примања мора да внимаваме.


Иако овие мерки се само еден од начините да се намали потрошувачката на електрична енергија, експертите велат дека правилната употреба на апаратите за домаќинство, е особено значајна:

„Имате примери, кога 10 до 15 насто од потрошувачката на енергија може да се намали без инвестиција, туку со внимателно користење на апаратите,“

изјави проф. Рубин Талески од Електро-техничкиот факултет.

Граѓаните велат дека мерките кои ги преглагаат ЕСМ и Владата се добредојдени,оти преку заштедата на струја, се штеди и на семејниот буџет.
XS
SM
MD
LG