Достапни линкови

Њујорк: Пратеникот на ОН Јан Пронк протеран од Судан


Пратеникот на Обединетите Нации во Судан, Јан Пронк е повикан во Њујорк откако суданските власти донесле одлука да го протераат од земјата. Тој во наредниве три дена треба да ја напушти земјата откако во неговата лична интернет страница напишал дека суданската армија трпела порази од бунтовничките сили во регионот Дарфур и оти Судан почнал да ги мобилизира арапските милиции. Судан не дозволува разместување мировници на Обединетите Нации во Дарфур.
XS
SM
MD
LG