Достапни линкови

Атина: Втор круг од локалните избори во Грција


Во Грција денеска се одржува вториот круг од локалните избори, пренесува МИА. Првиот круг се одржа на 15 октомври и тогаш владејачката Нова Демократија победи во 28 регионални области додека опозиционата ПАСОК во 15, а заедно со коалицијата на леви и прогресивни сили Синаспизмос, во уште две области. Втор круг има во седум регионални области и 247 општини. Гласањето во Грција е задолжително.
XS
SM
MD
LG