Достапни линкови

Пјонгјанг: Северна Кореја ја отфрли Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН


Северна Кореја ја отфрли Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации, со која на Пјонгјанг му се воведуваат финансиски и воени санкции. Донесувањето на Резолуцијата, инспирирано од нуклеарната проба на Северна Кореја, за амбасадорот на оваа земја Пак Гил Јон, е гангстерски чин и секаков понатамошен американски притисок ќе биде „објавување на војна". Резолуцијата беше усвоена ноќеска едногласно, иако Кина изрази одредени резерви. Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс најави дека е подготвена да го посети регионот следната недела, за да ја охрабри имплементацијата на санкциите. Новиот генерален секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун денеска изјави дека е подготвен да патува во Пјонгјанг ако тоа помогне во разрешувањето на кризата. Со Резолуцијата 1718 се бара од сите земји да запрат со продавање на материјали кои се однесуваат на програмата за неконвенционални оружја на Пјонгјанг. Покрај тоа, сите земји треба да замрзнат финансирање на лу|е и претпријатија, поврзани со програмата на Северна Кореја за изработка на нуклеарни и балистички ракети.
XS
SM
MD
LG