Достапни линкови

Москва: Русија воведе сообраќајна блокада на Грузија


Русија денеска воведе сообраќајна блокада на Грузија, односно го суспендира целиот транспорт и поштенските врски со таа земја, поради случајот со апсењето на 4-ца руски офицери во Тбилиси, осомничени за шпионажа. Грузија вчера ги ослободи уапсените. Европската Унија ја повика Русија да ги укине санкциите против Грузија, оценувајки дека таквите мерки не водат никаде. Соединетите Држави ги повикаа Русија и Грузија да ја смират реториката.
XS
SM
MD
LG