Достапни линкови

Владата распродава и вработува пред истекување на мандатот


И по завршувањето на овие петти по ред парламентарни избори речиси иста слика како и претходно. Власта на заминување изгледа незаинтересирано, но во еден дел е активна или вработува, продава земјиште. Оние пак кои што треба да ја превземат власта ја критикуваат онаа која формално сеуште ги извршува функциите.

„Ми се чини, кај нас проблемот е повеќе етички, отколку правен. Имено, сите влади на крајот од мандатот – кога велам крај, дури мислам на последните шест месеци или некаде дури во последната година – фактички делуваат како технички и чиновнички влади. Не предлагаат битни закони, не предлагаат измени на уставот, не продаваат имот, не купуваат имот, не распишуваат тендери. Зошто? Нели, заради прашањето на легитимитетот на крајот на мандатот“

Изјави Гордана Силјановска професор на Правниот факултет во Скопје

За тоа како да се надмине оваа состојба професорот Абдулменаф Беџети од Универзитетот на Југоисточна Европа вели

„Наместо опозицијата да критикува така, таа не треба да крева прашина и да прави фама, туку првиот ден кога ќе дојде на власт треба да преземе мерки – веднаш да ги расчисти ситуациите, а тие коишто тоа го направиле да ги земе на одговорност. Се додека нема акција и резултати од тоа, вака традиционално ќе се однесуваат партиите затоа што и овие наследија прилично катастрофална состојба во 2002 година. За тоа тој што го направил ќе треба да одговара, но истовремено и тие да не прифаќаат во период на транзиција такви партиски понуди. Тоа е чисто партиска понуда. Секој еден којшто аплицира ја знае таа состојба, дека тоа ќе се случи“

Според Силјановска пак доколку во земјава постои стручна администрација нема да постои чувството дека ништо не функционира

„Ние се уште немаме вистински поделена власт, ние го немаме она што е особено потребно а ќе мораме да го направиме, бидејќи во политичките критериуми од Копенхаген тоа е еден од основните услови, значи, ефикасна, компетентна администрација“
XS
SM
MD
LG