Достапни линкови

Здравствените работници советуваат да се одбегнува стресот


Здравствените работници сериозно страхуваат од Светскиот фудбалски куп. Мексиканското министерство за здравство им советува на навивачите да ги одбегнуваат силните емоции за време на натпреварите со јадење повеќе овошје а не чипс. Европските доктори се построги. Тие им препорачуваат да си набават апарати со кои се рестартира работата на срцето.

Кога репрезентацијата на Англија загуби од Аргентина со удар од единаесет метри на Светскиот куп пред осум години, локалните болници забележаа за дваесет и пат насто поголем број срцеви удари од вообичаеното. Британските експерти се уверени дека тоа не било коинциденција. Според нив, поразите во фудбалските натпревари предизвикуваат силни чувства слични на оние што се јавуваат и при големи настани како земјотреси и војни. Даглас Керол е автор на една студија во која се третира ваквиот феномен:

„Кај многу луѓе тоа предизвикува стрес. Англија има пеесет милиони жители. Половина од нив го следеа мечот со Аргентина. Земјотресите можеби се со пострашни последици, но фудбалските мечеви погодуваат поголема популација. Па му доаѓа некако исто.“

Ваквиот фудбалски ефект не е карактеристичен само за Британискиот остров. Истражувањата покажале дека слично било и во Холандија и во Швајцарија.

„Објаснувањето е дека кога сте под стрес, се забрзува работата на срцето и се покачува вашиот крвен притисок. Тогаш се во непријатна ситуација оние што страдаат од срцеви заболувања.“

објаснува Југен Кац од Универзитетската болница во швајцарскиот град Лозана. Но, не сите возбудувања се лоши. Во врска со Светскиот фудбалски шампионат пред осум години Кац вели:

„Кога француската фудалска репрезентација победи на Светскиот куп во деведесет и осмата година смртноста од срцеви удари во Франција беше намалена.“

Француските научници веруваат дека општата еуфорија што настапила по победата во финалето била на извесен начин лековита и придонесла за намалување на стресот кај навивачите. Фудбалските победи, според научниците, се добри и за зголемување на тестостеронот, хормон кој ја покренува машкоста кај мажите. Велат дека тоа е добро да го знаат жените. Но, освен вака посредно, жените, според испитувањата, не се многу подложни на влијанието на фудбалските резултати. Затоа има и такви кои препорачуваат гледајте важни фудалски натпревари со жени. Ако ништо друго тие ќе можат мирно да повикаат брза помош.
XS
SM
MD
LG