Достапни линкови

logo-print

Токио: Јапонија распоредила бродови и авиони да ги набљудува активностите на Северна Кореа


Јапонија соопшти дека распоредила бродови и авиони за да ја набљудува Северна Кореја поради меѓународната загриженост околу можното лансирање на ракета со долг дострел. Токио соопшти дека нема информации за технолошкиот развој на Северна Кореја и дали ракета има нуклеарна боева глава. Американскиот амбасадор во Обединетите Нации Џон Болтон денеска изјави дека Вашингтон лансирањето на таквата ракета ќе го смета за меѓународна закана. Северна Кореја во 1998 истрела ракета со долг дострел преку Јапонија во Тихиот Океан и минатата година соопшти дека има нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG