Достапни линкови

Битен сегмент за НАТО аспирациите на Македонија, вели амбасадорот Џилијан Миловановиќ


Претставниците на земјава и Соединетите Американски држави денеска потпишаа Меморандум за разбирање кој има за цел зајакнување на соработка во борбата против распространување на оружје. Меморандумот се однесува на воспоставување на комјутерски систем во Македонија за обработка на барањата поднесени од страна на фирмите за извоз на производи со двојна употреба и воени производи. Стоките со двојна употреба вклучуваат специфични производи што можат истовремено да бидат користени во цивилни и воени цели. Фирмите во земјава што сакаат да извезуваат вакви стоки и технологии на клиенти во други земји мора да поднесат барање за извозна дозвола до Министерството за економија. Токму за спроведување на правните норми на ефикасен и корисен начин, Владата ќе инсталира компјутерски систем за обработка на барањата од фирмите што сакаат да извезуваат стоки со двојна употреба и воени производи. Системот овозможува внесување, обработка, следење, прегледување и одобрување на барањата за извозна дозвола, а со него и ќе се забрза издавањето на извозни дозволи, како и поголема контрола над целиот процес.
Според американската амбасадорка во земјава Џилијан Миловановиќ ова е многу важен дел од соработката меѓу Соединетите држави и Македонија:

„Контролата на извозот на типот на стоки и технологии кои се содржани во овој меморандум за разбирање, но се особено битни во означувањето на сериозноста на Македонија во кандидатскиот статус за пристапување кон НАТО.“

Изјави Миловановиќ.
Министерот за економија Фатмир Бесими рече дека Македонија досега има прифатено повеќе меѓународни спогодни и пристапи кон разни конвенции од аспект на надворешно-безбедносната политика:

„За изготвување на доследна регулатива, Македонија се вклучува во остварувањето на различна безбедносна политика и овој чекор ќе го оствари фактот и за прифаќање на останатите инструменти во комплексот за заедничка безбедносна политика.“

Вели Бесими.
XS
SM
MD
LG