Достапни линкови

logo-print

Фалуџа: 15 ирачани загинаа во самоубиствен бомбашки напад


Најмалку петнаесетмина ирачани загинале во денешниот напад на бомбаш самоубиец врз една полициска станица во Фалуџа, соопшти ирачката полиција. Станицата била користена како регрутен центар. Претходно, ирачките сили соопштија дека во Багдад биле пронајдени тела на четиринаесет мажи кои биле мачени пред да бидат убиени. Во меѓувреме, во Багдад денеска почна првата работна седница на новиот ирачки парламент кој беше избран во декември минатата година.
XS
SM
MD
LG