Достапни линкови

Дали Чернобил сеуште е политички проблем?


Од 1986 година истражувањето за вистионата на нуклеарната катасрофа на Чернобил е повеќе од хуманитарно и здравствено прашање. Тоа е исто така и политички предизвик. Експлозијата во нуклеарката на 26 Април често се поврзува и со дезинтеграцијата на Советскиот Сојуз со драматичнми последци во Украина, Белорусија и Русија. Дали Чернобил и 20 години потоа е сеуште политички проблем.

Експлозијата во Чернобил на стравичен начин беше клучен тест за отвореноста на Советските влади. Граѓаните не добиваа точни информации за нивото на опасноста и тоа не само во првите денови и недели туку и во подоцнежните години. На пример се појави во Белорусија во 1989 кога речиси една четвртина од нејзината територија беше контаминирана. Поранешниот Украински дипломат Јури Шчербак напиша книга за Чернобил во 1987 во обид да им обезбеди на читателите повеќе информации отколку што добиваа од владите. Според него, недостигот на информации придонесе да се зголеми јазот меѓу советските влади од времето на Горбачов и советското општество.

„Лажната пропаганда и недостигот на веродостојни информации за Чернобил од што беа афектирани милиони луѓе, особено во Украина, доведе до таков ефект што луѓето ја загубија верата во тоа што Горбачов го говореше за перестројката, за гласноста и така натаму.“

На Украинската сцена катасрофата лансираше нов тип на реал политика. Според Шчербак, тоа беше во голем дел беше причина што по добивањето на независноста украинскиот парламент го ратификуваше договорот за неширење на нуклаерното оружје. Чернобил, според него, и натаму има влијание врз политиката на Украина кога станува збор за нуклеарното прашање. Белорусија нема нуклаерки и не планира да прави во блиска иднина. Но опозицијата и денеска смета дека режимот на Александар Лукашенко по Чернобил се однесува речиси исто како и пред 20 години во Советското време. Чернобилската катасрофа, како што верува Владимир Чурупов од Гринпис – Русија во оваа земја има пред се влијание врз прашањето на природната средина и социјалната сфера. Сепак тој не отфрла дека тоа може да има политички консенквенци.

„Луѓето доагаат да протесираат не со економски, туку од еколошки причини. Тоа е индикатор дека населението започнува да собира незадоволство што може да е резултира на политички начин.“

Народното незадоволство од неисполнување на еколошките варања имено резултираше со демонстрации во Казахстан, Ерменија и Грузија.
XS
SM
MD
LG