Достапни линкови

Иван Сингартиски, претседател на ОМО Илинден. Бугарија сеуште е еднонационална држава


Речиси секоја година при одбележувањето на годишнината од смртта на Јане Сандански на неговиот гроб има инциденти мегу македонците и бугарите.Зошто се случува тоа ?

Тоа можам да кажам дека е државна политика или вмешаност на некои партии од бугарија кои не сакаат добри односи со Македонија како на пример ВМРО БНД од кои речиси секогаш доагаат тешкотиите.

Кое според вас би било конечното решение?

Конечното решение е Бугарија накрај да го признае постоењето на македонскиот народ,а не само македонската држава, да го призане македонскиот јазик и говорот на македонското малцинство како што го прават тоа сите европски земји.

До каде е со тоа барање на македонците?

Засега до никаде.Бугарија правеше некои промени во уставот, но сеуште е еднонационална држава.

Бугарското обвинитслтво најави дека ке ве тужи за настаните на последното одбележување

Тоа може да се случи само во Бугарија.Да се тужи тој кој што е тепан е едноставно чудно.

Задоволни ли сте генерално од односнот на бугарската влада кон вас?

Воопшто не сме задоволни. Таа кон нас нема никаков однос.Ниту владата , ниту медиумите кои за нас пишуваат или нешто лошо, или ништо.

Што сметате дека треба да се преземе, што може да направите вие?

Ние веке 15 години се мачиме да направиме нешто.Рекоа да се регистрираме како политичка партија а потоа не нарекоа против уставни, ги тужевме го добивме спорот, но работите си одат по старо.

Кој може да ви помогне?

Единствено може да ни помогне мегународниот притисок. Ако чекаме дека бугарската влада или политичарите нешто ке сменат или ке го променат мислењето кон македонците тоа нема да се случи.

Соработувате ли со мегународните организации и заедница?Информирани ли се за вашите проблеми?

Соработуваме со ЕФА, Слободната Евроспка алијанса , сега веке сме поканети и како набљудувчи, за една година ке станеме и полноправна членка, засега е проблем што немаме регистрација како политичка партија.Сега се мачиме да регистрираме една нова политичка партија , но го сменија законот и потребни се 5000 луге, а тешко е едно малцинство да има толку многу членови.Ние ке направиме обид и ако нешто се сменило во политика на Бугарија би требало некаде во ноеври или декември да бидеме одново регистрирани.Заедно со ЕФА пративме писмо до претседателот но добивме смешен одговор.

Каков одговор?

Одговорот кој им го даде бугарскиот претседател на ЕФА е дека во Бугарија сите малцинста имаат права, секој може да се изрази како што се чувствува, се е во ред , како Бугарија да не е тужена на европскиот суд или македонската партија да не е наречена против уставна.

Добивте и пресуда од судот за човекови права во Стразбур во ваша корист.Се реализира ли пресудата во ваша корист , ви ги исплатија ли парите?

Остануваат неколку денови.Парите ке ги добиеме.Нашиот адвокат даде некои декларации дека ние ја тужевме државата и наредниве денови очекуваме да ги добиеме парите.

Има ли прогрес бугарската држава во односот кон вас откако вие почнавте да тужите, да ги информирате мегународните здруженија.

Има промена не може да се каже дека нема.Ова што се случи овој пат на Рожден го покажува тоа.Барем полицијат ги чуваше и двете страни и не се мешаше, а добиме и дозвола за одбележувањето.Но, дозвола доби и ВМРО БНД. Јас мислам дека тоа беше намерно, за да може мегу нас да има судири и послее ние да бидеме виновни за нив. Но тоа не се случи , од наша старна немаше судири туку од страна на ВМРО.Така што има промена но мислам дека таа е многу мала.

Според вас може ли нешто да стори и македонската влада за да ви помогне?

Секоја влада би требало да се грижи за малцинставта кои се во соседните држави и колку што можеме да почуствуваме некоја јавна подршка од македонскат влада .Може таа сака да зачува добри мегународни односи.Тука бугарските медиуми постојано водат анти македонска кампања и секогаш македонците се исмејани.Едноставно еден многу лош однос кон соседна држава и според мене ако ништо друго министерството за надворешни работи треба да испрати протесна нота зошто тоа сепак се мегу државни односи.

Колку Mакедонци има во Бугарија според вашите проценки?

Тоа е тешко да се каже зошто има многу пописи, но тие се фалсификувани, никогаш не е дадена точна бројка. Ако гледаме историски има околу 200 –300 илјади од пописот во 1948 година.Но, бројката се менува и населенито е под голем притисок кога се прави попис, се плашат да се пишат, но мислам дека е многу поважно кој како се чувствува.Според мене треба да се направи попис со присутво на мегународни набљудувачи и тогаш бројката ке биде најреална.
XS
SM
MD
LG