Достапни линкови

logo-print

Рим: Провенцано се уште молчи


Најголемиот шеф на италијанската мафија Бернардо Провенцано, кој пред неколку дена беше уапсен по над 40 години бегство, се уште не изговорил ни збор, јавуваат италијанските медиуми. Провенцано се сретнал со адвокатите, но таа средба траела кратко, затоа што и со нив не прозборел. Истрагата, во меѓувреме соопшти, дека кај 73 годишниот Провенцано при апсењето биле пронајдени 10 илјади евра сошиени во палто, што би требало да му послужат при евентуалното бегство од изолираната фарма каде беше пронајден. На фармата Провенцано живеел во луксузно скривалиште, каде имало храна за повеќе месеци однапред.
XS
SM
MD
LG