Достапни линкови

Реакции за партискиот состав на ДИК


Во конкурсот за избор на членови на Државната изборна Комисија едно од трите правила, покрај условот кандидатот да е државјанин на Македонија и да е истакнат правник, предвидуваше дека кандидатите кои конкурираат не смеаат да бидат партиски личности. Oва го објаснува и Каме Петров претседател на собраниската Комисија за избори и именувања која одлучуваше по однос на предлозите за новите членови на ДИК:

„Третиот услов вели, да не е член на политички орган на ниту една политичка партија, значи условот е јасен, законот не вика дали да биде или да не биде член, меѓутоа истакнува дека не смее да биде член на политички орган на ниту една политичка партија.“

потенцира Петров.
И покрај овој услов во конкурсот, собраниската Комисија за избори и именувања се одлучи идниот состав на ДИК која ќе биде предводена од Јован Јосифовски, да ја сочинуваат актуелниот заменик министер за локална самоуправа Тања Алтаниџиева и генералниот секретар на Собранието Александар Новаковски, Снежана Калчевска која доаѓа од редовите на ЛДП, Александар Даштевски од ВМРО Народна, екс министерот за локална во времето на ДПА Џемаили Саити и сегашниот заменик министер за правда Субхи Јакупи од ДУИ. Првиот човек на комисијата за именувања Каме Петров тврди дека не станува збор за партиски личнности:

„Од овој состав на предложени кандидати нема ниту еден таков.“

На ваквиот состав на Државната изборна Комисија остро реагира опозиционата ВМРО ДПМНЕ која оценува дека членовите се партиски војници. Трајко Вељановски од оваа партија потенцира:

„Договорот беше ДИК да се состои од непартиски и професионални лица. Но, незнам зошто тоа се промени. Најверојатно затоа што на владеачките партии така им одговора и сега дојдовме во ситуација не само што е партиски составот на ДИК, туку таа е составена само од владеачките партии.“

Во врска со составот на ДИК се огласи и Европската Комисија која соопшти дека без оглед на ,,индивидуалната партиска припадност на членовите на ДИК,, будно ќе ја следи нивната работа и очекува професионален ангажман.
XS
SM
MD
LG