Достапни линкови

Австралиско новозеландската епархија целосно стои на страна на МПЦ во случајот Вранишковски


Претставниците на црковните општини на австралиско – новозеландската епархија недвосмислено изразуваат осуда за случајот Вранишковски, откако стана јасно дека неговата т.н. Охридска Православна Архиепископија е финансирана од српската влада, вели австралиско – новозеландскиот митрополит Петар по едно месечната посета во тамошните црковни општини:

„Имаат чист, конкретен став дека тоа е предавство на МПЦ и никогаш нема да се согласат со тоа и го осудуваат неговиот чин и чинот на неговите приврзаници. Македонците се за МПЦ.“

Но, спротивно од уверувањата на митрополитот Петар дека австралиско новозеландската епархија застанува цврсто зад МПЦ, состојбите се поинакви. Лани, Кирил Циревски, член на црковниот совет на црквата Св Петка во Сиднеј и еден од клучните луѓе на црковниот живот во Австралија изјави дека приоритетни се преговорите со МПЦ во кој се поставени два услови – едниот митрополитот Петар да биде сменет од австралиско – новозеландската епархија и имотот да остане во сопственост на компаниите. Спорот меѓу верниците во Австралија и МПЦ трае десетина години. Црковните општини го обвинуват владиката Петар дека ги оценува верниците во Австралија и Нов Зеланд за да стекне имот на сопствено име, но митрополитот Петар вели:

„Има четири црковни општини кои не се тоа имоти на МПЦ бидејќи ги регистрирале како имоти на компаниите и тие се одметнаа од МПЦ, имаат ангажирано расчинети свештеници и тие немаат ништо со МПЦ во моментов и наназад, овие десет години, арно ама, тие се што ги прават проблемите.“

Во меѓувреме останува отворен спорот меѓу МПЦ и СПЦ што го испровоцира случајот Вранишковски. Владиката Петар вели:

„Ако има добра намера од СПЦ да разговара со МПЦ без никакви условувања, тогаш секако дека ќе биде прифатен таков дијалог. А, ако има било какви условувања не може таков дијалог да се прифати.“
XS
SM
MD
LG