Достапни линкови

Победа на Александар Лукашенко


На вчерашните претседателски избори во Белорусија победи сегашниот шеф на државата Алаксандар Лукашенка. Со тоа тој на оваа функција останува уште пет години. ОБСЕ најави дека денеска ќе ја соопшти оценката за изборите. Посматрачите од Русија веќе оценија: изборите биле фер.

Претседателот на белоруската Централна изборна комисија Лидија Јармошина денеска ги соопшти официјалните резултати од вчерашното изјаснување:

„На претседателските избори во Белорусија на деветнаесетти март две илјади и шестта, претседателот Александар Григориевич Лукашенка беше избран по трет пат. Тој доби осумдесет и два запирка шест насто од гласовите.“

Изјави Јарошина, наведувајќи дека одѕивот бил деведесет и два запирка шест проценти. Таа додала дека не биле забележани никакви посериозни кршења на изборните правила. Според резултатите на Изборната комисија, опозизискиот кандидат Александар Милинкевич освои шест проценти. Тој ја обвини власта за лажирање на изборите и побара одржување нови.

„Ние победивме и не е важно што вели Изборната комисија. Тие имаат смешни проценти за Лукашенка. Ние победивме бидејќи народот верува дека може да застане и да се бори за слобода, вистина, правда и за неговата гордост. Властите не тертираат како терористи. Но, и покрај тоа луѓето излегоа надвор. Ова е победа над стравот.“

Рече опозициониот лидер Милинкевич кој побара од неговите приврзаници денеска вечер повторно да се соберат на протести во Минск. На протсти повикаа и други опозициони лидери како претседателот на либералите Александар Казулин.

„Ова ќе биде почеток на промените во Белорусија. Белорускиот народне можат да продолжат да живеат како досега.“

Изјави Казулин. Синоќа во центарот на Минск, како што јавуваат агенциите, демонстрирале над десет илјади луѓе. Тоа беа најголемите протести на опозизијата во Белорусија во изминативе неколку години. Белоруските власти претходно предупредија дека ќе преземат се за да не дозволат да се случи истото сценарио како онаа по изборите во Грузија и во Украина. Инаку, претседателот Александар Лукашенка на оваа функција е од илјада деветстотини деведесет и четвртата година. Тој за да може и по трет пат да остане на тоа место мораше да го смени Уставот за што беше критикуван од меѓународната заедница.
XS
SM
MD
LG