Достапни линкови

Македонскиот пазар е мал и неатрактивен, па инвеститорите немаат „есап“ за влез со нивните брендови


Иако се присутни преку дел од сопственичката структура во банкарскиот сектор, но и во други економски дејности како мобилната индустрија, странските компании избегнуваат на македонскиот пазар да ги користат брендовите со кои се познати на светскиот пазар. Зошто Мобимак, а на Т-мобајл во чија соственост е оваа компанија, зошто Тутунска, а не Нова Љубљанска Банка, иако мнозинството е грчки капитал и Стопанска банка го има задржано својот стар домашен бренд, па се до најавуваниот влез на познатата холандска банка ИНГ преку Поштенска банка, чиј бренд би останал непроменет. Постојат индивидулани пречки кај секоја од овие компании, зошто во земјава користат македонски брендови, вели економскиот аналитичар Јанко Тренковски вели:

„Самото преименување на Мобимак е одлука на корпоративно ниво. Моето мислење е дека ИНГ не е во Македонија, зашто дел од парите на банката се инвестурани во инвестициски фонд, значи тоа не е ИНГ банката, затоа во Македонија не е брендот ИНГ и нема да стои влезот на Поштенска Банка. Тутунска Банка е Тутунска, а не Нова Љубљанска, заради заробените девизи, истото можам да го заклучам и за Стопанска Банка“

Но, според Тренковски освен овие причини, генерално во одлуката меѓу употребата на светски познат бренд или домашен, влијание кај странските компании секако улога игра и несигурниот мал македонски пазар.

„Македонскиот пазар не е атрактивен и има многу препреки и со самото не е приоритет за нормалните процеси во светот да се одвиваат нормално на пазар како Македонија.“

Во малиот пазар поблемот го лоцира и аналитичарот од Центарот за економски анализи Борко Ханџиски, кој токму во ова ја гледа причината за отсуството во користењето на меѓународно познатите имиња меѓу странските компании во Македонија, за разлика од соседството:

„Како ќе се користи името зависи од политиката на компанијата, на инвеститорот. Некои банки, како Банк Аустриа си го користи името на Банк Аустриа, во Србија имаме Сосиете Женерал кој го користи своето име, а кај нас сите го користат своето име.“
XS
SM
MD
LG