Достапни линкови

Исламабад: Зацврстување на соработката меѓу САД и Пакистан во борбата против тероризмот


Американскиот претседател Џорџ Буш, по денешните разговори во Исламабад со пакистанскиот лидер Первез Мушараф изјави дека двете земји ќе ја зацврстат соработката во борбата против тероризмот. ,,Многу уште треба да се направи за да се порази Ал каида,, оцени Буш, додавајќи дека најдобар начин за тоа е размената на добри разузнавачки информации. Потврдувајќи го стратегиското партнерство со Соединетите Држави, Мушараф побара поголема американска вклученост во решавањето на индиско пакистанскиот спор околу Кашмир.
XS
SM
MD
LG