Достапни линкови

Птичјиот грип и во домашната живина


Франција денеска е првата земја членка на Европската Унија во која и официјално е објавено дека смртоносниот вирус на птичјиот грип Ха Пет Ен Еден се појави и меѓу домашната живина.

Француското министерство за земјоделие соопшти дека вирусот Ха Пет Ен Еден е пронајден на фарма за живина, попрецизно за мисирки на истокот на земјата. Се смета дека околу 400 мисирки умреле од болеста на фармата во близина на гардотр Жоје пред да бидат унишетни уште околу 11 илјади домашни птици во четвртокот. Вирусот на птичјиот грип претходно беше потврден меѓу дивите миграциски птици во осум земји членки на Европската Унија. Објавата во Франција пак дојде ден откако министрите за здравство на Европската Унија во Виена се согласија дека лансираат кампања за да го подигнат нивото на јавната свест за да го намалат и канализираат стравот од вирусот. Еве што изјави европскиот комесар за здравство Маркос Кипријану.

„Ние мораме да бидеме реални имајки во предвид дека вирусот сега е присутен насекаде и дека се пренесува од дивите птици. Тоа е проблем кој ќе го имаме извесно време во иднина. Затоа ние и европската јавност мора да научиме да живееме со проблемот без да креваме паника и загриженост.“

Засега во Европа нема пријавен случај на птичји грип меѓу луѓето. Во меѓувреме во Индонезија е соопштено дека од птичјиот грип починало уште едно лице со што во оваа земја оваа болест однесе 20 животи. Грузиската влада пак нареди колење на живината во радуис од три миљи во провинцијата Адџара во западниот дел ан земјата затоа што во регионот е пронајден мртвов лебед кај кого е потврдено присуството на смртоносниот вирус. Во земјата е забранета продажбата на жива живина.
XS
SM
MD
LG