Достапни линкови

Македонските институции без одговор кога ќе се вратат случаите од Хаг


Македонските надлежни институции без прецизен одговор кога ќе се вратат четирите случаи за кои хашкото обвинителството водеше истрага, но не покрена постапки. Обвинителство не е одговорно за вракање на случаите за кои Трибуналот не покрена обвиненија, за нив надлежни се останатите институции што работеа на предавање на случаите во обвинителство во Хаг.

„Комуникацијата не оди обвинителство со Хашкиот трибунал, туку согласно со меѓународните конвенции, таа комуникација се остварува преку владата и судовите. На тој начин предметите се пратени кон Трибуналот и на тој начин тие треба да се вратат. Кога Трибуналот ќе одлучи да ги врати предметите, ние сме должни да постапиме. Кога тоа ќе го сторат треба да сочекаме и да видиме,“

изјави републичкиот обвинител Александар Прчевски. По посетата на Хашкиото обвинителство, минатата година министерката за правда Мери Младеновска Георгиевска пак рече дека динамиката на превземање на случаите ке се догавара мегу двете обвинителства македонското и хашкото. Министерството во соработка со Здружението за казнено право, Здружението на судии презема чекори за организирање на обука за судии и обвинители кои би ги спроведувале овие постапки. Судиите се подготвени за вакви предмети:

„Имаме доволно стручен кадар којшто може да ги прифати и работи предметите. Каква е политичката клима, тоа не е работа на судовите,“

изјави Вели Ведат претседател на Апелационит суд во Скопје.
Во последниот извештај на Мегународната кризна група се вели – мегународната заедница и Македонија би требало да лобираат во хашкиот трибунал за да се одложи вракањето на четирите случаи барем до крајот на 2006( а најдобро би било до 2008) се додека соработката мегу владата и оние кои донираат средства за брза реформа во судството не заврши, притоа вклучувајки го и посебната обука на судии за тешки казнени дела, функционирањето на програмата за заштита на сведоци и слично.

Станува збор за четири случаи оној со киднапираните, работниците од градежното претпријатие Маврово, затварањето на липковската брана, и раководството на ОНА. Хашкиот трибунал покрена обвинение против поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски за случајот Љуботен.
XS
SM
MD
LG