Достапни линкови

Скопје: На токсикологија двојно помалку пациенти од лани


На Клиниката за токсикологија и ургентна интензивна медицина во текот на новогодишната ноќ од 31 интервенција 20 биле за акутна алкохолна интоксикација, изјави доцент д-р Даниела Чапаровска, раководител на амбулантниот оддел при Клиниката. Во четири случаи се работело за девојчиња, а 16 се момчиња на возраст од 14 до 25 години. Според д-р Чапаровска, тоа е повеќе од двојно помалку во однос на минатата година кога биле регистрирани 46 алкохолни труења при што доминирале девојки. Нема случаи на предозираност и труење со наркотици.
XS
SM
MD
LG