Достапни линкови

logo-print

Најголем дел за плати на администрацијата и социјала


Вчера собранието го усвои најобемниот буџет откако постои Македонија. Со 58 гласови за и 9 против пратениците изгласаа во 2006 да се потрошат 1 милијарда и 700 милиони евра најмногу од овие пари за плати наменети за администрацијата и за социјалата. Пратениците од власта во одбрана на буџетот сметаат дека тој ќе придонесе за економска стабилизација:

„Јас очекував дека врз основа на тоа што е предвидено, особено во делот на расходите за капитални инвестиции за 2006 година да има и раст во економскиот живот,“

вели Аднан Јашари од ДУИ

Но, опозицијата критикува. Нема развојна комнонетна, а намалени се условите на граѓаните.

„Има се помалку пари за образованието, нема пари за инфраструктура и опрема во здравството, а да не зборуваме за патната инфраструктура, посебно во источна Македонија, да не зборуваме за други инвестиции,“

вели Силвана Бонева од ВМРО ДМПНЕ

И Економистите го критикуваат буџетот.Борко Ханџиски од центарот за економски анализи смета дека на македонија И се потребни повеке пари за капитални инвестиции од оние кои се сега прердвидени.Секоја година вклучувајки ја и оваа само 2 до 3 проценти од буџетот се трошат на економскиоот развој тоа не е доволно потенцира Ханџиски

„Тоа е недоволлно, особено во Македонија каде што се потребни повеќе инвестиции.“

Но каков буџет е потребен особено сега откако сме земја кандидат за членство во Европската Унија. Ханџиски потенцира неколку области кои треба да се развијат

„Да има инвестиции за вработување. Македонија вложува премалку во образование. Трето, капитални инвестиции, а владата мора да го зајакне и својот капацитет во администрацијата.“

Ханџиски објаснува дека буџетот кој го носи владат мора да има согласност и од Меѓународниот монетарен фонд со кој имаме склучено станд бај аранжман. Но, во тие договори се утврдуват само глобалните рамки како буџетскиот дефицит, нови задолжувања, нови вработувања а за деталите останува да одлучи владата.
XS
SM
MD
LG