Достапни линкови

Кандидатскиот статус за членство во ЕУ шанса што не смее да се пропушти


Добра ретроспектива, така гласеа реакциите на повеќето пратеници за говорот на претседателот Бранко Црвенковски, кој цели 25 минути зборуваше пред пратениците за сегашните достигнувања на Македонија и идните чекори кои треба да се преземат:

„Кандидатскиот статсус за членство во ЕУ е историска прилика што не смееме да ја пропуштиме. Тој статус, само по себе, не ги решава нашите проблеми, но од друга страна ни нуди нови можности.“

Добар дел од својот говор претседателот Црвенковски посвести и на косовското прашање, притоа повикувајќи на градење добри односи и со Србија и со Косово без разлика на финалниот статус на Косово:

„Каков и да биде финалниот статус на Косово тој не смее да ги охрабри радикалните структури кои заговараат менување на границите и заговарање на големи држави со што би бил загрозен територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија.“ Впрочем, деновиве имавме прилика да чуеме изјава на еден партиски лидер за обеднување на сите територии каде живеат Албанците.“

Инаку, освен пратениците на ВМРО-ДПМНЕ говорот на претседателот Црвенковски го бојкотираа и пратениците на ЛП:

„Во знак на протест поради неговите во последно време непромислени изјави во јавноста врзани за аферата тајни сметки.“

„Сакаме да испратиме порака дека не прифаќаме и нетолерираме било кој функционер во државата да заземе некоја функција,“


изјавија Стојан Андов и Силвана Бонева.

За пратениците од владеачката коалиција несфатлива е нивната постапка:

„Не можам да сфатам дека некои од пратениците не може да сфатат дека и почитувањето на институциите е исто така еворпска вредност и критериум.“

„Односот кон институцијата претседател и однос кон државата, а нам ни е потребно заедничтво,“


велат Јани Макрадули и Андреј Жерновски.
XS
SM
MD
LG