Достапни линкови

logo-print

Економските експерти предлагаат повеќе мерки за негово намалување


Тековната 2005 година, државава ја завршува со висок трговски дефицит кој изнесува повеќе од 961 милиони американски долари и покрај извесното намалување во споредба со минатата година кога дефицитот изнесуваше повеќе од 1 милијарда долари. Ова се должи на негативното салдо и големата разлика меѓу увозот и извозот. Според податоците на Заводот за статистика во периодот од јануари до октомври годинава, извозот од државава учествува со 38,9, а увозот со 61 процент. Економските експерти посочуваат дека ,,болката,, на македонската економија која редовно покажува негативна стоковна размена, се веќе познатите причини меѓу кои е неконкурентноста на извозните производи. Професорот Михаил Петковски од Економскиот факултет објаснува:

,,Од 1945 година до сега ние постојано имаме дефицит во трговската размена со странство. Се разбира тоа не е поволна ситуација и како таква води кон ниски стапки на економски раст и висока невработеност.,,

За понатамошно намалување на дефицитот, Македонија мора да ја смени структурата на извозот, потенцира професор Петковски:

,,Тоа треба да се смени во полза, односно во насока на производи со висока додадена вредност. Имено ние сега произведуваме производи со ниска додадена вредност, кои не носат големи профити и приходи, а тука се на прво место текстилот и металите. Ние немаме друг излез освен да го зголемиме извозот и тоа профитабилниот извоз.,,

Повеќе конкретни мерки за намалување на трговскиот дефицит, предлагаат и експертите од Центарот за економски анализи во студијата која неодамна ја изработија:

,,Предлагаме ревидирање на повраток на ДДВ, понатаму ревидирање на повраток на ДДВ за малите даночните обврзници како и враќање на банкарската гаранција која пред два месеци беше укината од Министерството за финансии.,,

Вели Мишо Николов од Центарот за економски анализи. Економските експерти се надеваат дека овие конкретни предлози ќе бидат прифатени од Министерството за финансии, по нивно претходно одобрување од македонските стопанственици.
XS
SM
MD
LG