Достапни линкови

Багдад: Американскиот амбасадор со мандат за состанување со ирански претставници


Стејт департментот соопшти дека на американскиот амбасадор во Ирак Зелмај Кализад му било дозволено да се состане со ирански претставници но со многу ограничен мандат. Се прецизира дека тој може да разговара само за прашања кои се однесуваат на стабилизацијата на Ирак. Официјалните дипломатски односи меѓу Вашингтон и Техеран се прекинати од илјади деветстотини седумдесет и девета година.
XS
SM
MD
LG