Достапни линкови

logo-print

Граѓаните плаќаат високи сметки


Конкуренцијата на телекомуникацискиот пазар заради пониските цени на услугите во континуитет ја бараат граѓаните, невладините организации и опозицијата. За доцнењето на либерализацијата е виновна владата, која намерно задоцни со законот за електронски комуникации во кој не предвиде многу работи кои сега треба да се решаваат со подзаконски акти, оценува Зоран Трајчевски, претседател на комисијата за електронски комуникации на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на агенцијата за електронски комуникации:

„Причината за тоа е во односите влада – Македонски телекомуникации со исплаќањето на дивидендата и поскапувањето на цените надвор од законските рамки. Ако се доцнеше со законот за електронски комуникации, логично ќе беше барем кога ќе биде донесен законот да нема потреба од донесување подзаконски акти, се да е регулирано со законот. Јас не знам друг закон да е регулиран со 35-40 подзаконски акти.“

вели Трајчевски и потсетува дека Македонија е единствена европска земја со еден фиксен оператор.

Од агенцијата за електронски комуникации потенцираат дека поголемиот дел од законските акти за либерализацијата се донесени и оти рамката подзаконски акти ќе биде заокружена во првите два – три месеци догодина. Сега ја разгледуваме итерконекцијата на Македонски Телекомуникации со останатите заинтересирани субјекти:

„Референтна понуда за интерконекција ќе ја одобриме, можеби и до крајот на неделава. Се работи за голем материјал“

објаснува Коста Трпковски, додабајќи дека не е благодарно да се дадат рокови кога ќе почнат со работа другите субјекти. Според него, граѓаните најмногу ќе го почувствуваат бенеефитот:

„Таму каде што цените на постојниот оператор се поголеми. Такви се предвидувањата дека тука е интересот на некои од новите субјекти.“
XS
SM
MD
LG