Достапни линкови

Каиро: Втора фаза од парламентарните избори во Египет


Во девет египетски провинции започна гласањето во рамки на втората фаза од парламентарните избори во земјата. Национално демократската партија на претседателот на Египет Хусни Мубарак на првиот круг од гласањето на 9 ноември освои 112 места, а коалицијата Муслиманско Братсво освои 34 места во Парламентот. За 454 места во Парламентот избирачите гласаат во три фази, а последната завршува на 1 декември.
XS
SM
MD
LG