Достапни линкови

Израел: Кондолиза Рајс на турнеја низ Блискиот исток


Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс при денешниот престој во Израел присуствуваше на одблежувањето на десет годишнината од убиството на премиерот Јицак Рабин. Таа пред средбата со шефот на израелската дипломатија Силван Шалом изјави дека ќе се обиде да ги убеди израелците и палестинците да ги зголемат нивните напори за постигнување мир на Блискиот Исток. Во меѓувреме, агенциите јавија дека израелските војници денеска во Западниот брег убиле еден од командантите на ХАМАС.
XS
SM
MD
LG