Достапни линкови

Багдад: Нова коалиција на чело со екс ирачкиот премиер Алави


Поранешниот ирачки премиер Ијад Алави и неколкумина други секуларни лидери обелоденија дека ќе формираат нова коалиција која ќе учествува на парламентарните избори, најавени за декември годинава. Во коалицијата, како што е наведено, треба да се обединат сите умерени сунитски, шиитски и други политички партии во Ирак. Во меѓувреме, Ирачката изборна комисија соопшти дека уште неколку дена ќе треба да се почека на резултатите од саботниот референдум за нацрт уставот на земјата, бидејќи повторно се проверувале резултатите откако во неколку провиции, како што се наведува, имало невообичаено голем број на гласови.
XS
SM
MD
LG