Достапни линкови

logo-print

Њујорк: Средба со иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад


Претставници на Соединетите држави, Британија, Франција и Германија се очекува денеска во Њујорк да разговараат со иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, околу предлогот што тој го истакна во синоќешното обраќање во рамки на Генералното Собрание, според кој Иран е подготвен на партнерство со приватни и јавни меѓународни преставници да ја спроведува програмата за збогатување со ураниум. Денеска Иран ја предупреди Меѓународната агенција за атомска енергија, во понеделник да не го упатува проблемот со нуклерната програма на земјата пред Советот за безбедност, бидејќи тоа може да го мотивира Техеран да започне со процесот на збогатување со ураниум.
XS
SM
MD
LG