Достапни линкови

До каде е Македонија со евро интеграциите?


Редовните средби со дипломатите од Европската унија многу и помагаат на Македонија при постигнување на европските стандардите и нејзино приклучување во Унијата, се оценува во македонската јавност. Тие се важни, бидејки дел од реформите се поврзани со помошта од европските институции. За динамиката на средбите информира државниот советник во владиниот секретаријат за европски прашања, Драган Тилев.

„Динамиката се интензивира врз основа на напредокот на целиот процес. Советот за стабилизација и асоцијација, на ниво на министер за наворешни работи и министри се состанува еднаш годишно. Комитетот за стабилизација и асоцијација исто така еднаш годишно. Седумте поткомитети исто така еднаш годишно. Но, она што е особено битно е комуникацијата меѓу посебните директорати во ЕУ и нашите владини институции меѓу состаноците. Имаме континуирана комуникација, речиси на дневна основа.“

Дека се од големо значење тие средби, смета и Димитар Мирчев претседател на Европското движење во Македонија, но со забелешка

„Исто така сметам дека ние недоволно ги користиме. Мислам дека Европа е гладна и сака да има што повеќе информации за случувањата во нашата држава. Не се работи за политички однос, туку за свест, прво во јавноста во Европа, дали една држава кандидатка е зрела да се приклучи или не.“

И последните истражувања на Евробарометар кажуваат дека постои позитивен став на европската јавност по однос на прашањето дали земјава се приближува кон евро стандардите. Во меѓувреме во земјава се работи на нивно постигнување. Од владата информираат дека досега е усогласено законодавството во клучните области на внатрешниот пазар како и земјоделието, животната средина, но посочуваат деак тоа е прв чекор, но не и најтежок

„Најтешкиот е обезбедување на институционалните структури за имплементација на новото законодавство. Тоа е она што ни престои и на што ќе мора да се фокусираме во наредниот период,“

вели Тилев.
XS
SM
MD
LG