Достапни линкови

Позитивни ефекти ако владата нема скриени намери


Странските инвестиции ке бидат полезни за граганите, како во случајот на влегувањето на Лукоил во нафтениот бизнис во Македонија, но само доколу не се создаде доупол како со искуството во мобилната индустрија и доколку Владата нема скриени намери, вели економскиот експерт Абдулменах Беџети, бидејќи според него сепак треба да се има предвид дека владините институции се тие кои преку Регулаторната Комисија ги утврдуваат цените на нафтениот пазар:

„Доколку не се создаде амбиент на дуопол, секоја либерализација е добредојдена во смисла на воведување конкуренција и ќе го сруши монополот на тој пазар. Сигурно дека ќе доведе до подигнување на квалитетот на услугите.“

Без разлика и на таквата можност, Според анализата на професорот од Економскиот факултет, Живко Атанасовски, секоја либералзиацијата на одреден пазар генерално е позитивно а во овој случај од неколку аспекти:

„Станува збор за увоз на нафтени деривати и од страна на домашни компании и од страна на новиот инвеститор во Македонија. Значи, користа може да биде двојна. Прво, да се конкурира на домашните увозници на нафтени деривати, второ, би имало влијание исто така и на работата на нафтената компанија Окта, којашто ја имаме ние од аспект на поефикасно работење и трето е зголемување на вработените.“

Евентуалните негативни последици од искрените намери за добробит на грашаните од либералзиацијата на нафтениот Пазар, професорот Беџети ги гледа во начинот на влегувањето на странските инвеститори во земјава односно од ,,праксата“ на владата да склучува непосредни договори, за што веќе доби соодветни критики од Европската Комисија.

„Доколку во тие договарања немало пристап слични на приватизацијата на Окта, сигурно дека ќе предизвика добри ефекти. Но, ако имало таков пристап, со издојување на провизии, сигурно дека тое ќе се прелева, зашто странскиот инвеститор не доаѓа да ни носи нам благосостојба, туку да носи профит и тој тоа ќе го вклучи во калкулациите и граѓаните ќе го платат тоа,“

заклучува Беџети.
XS
SM
MD
LG