Достапни линкови

НАСА го одложи слетувањето на „Дискавери“ за 24 часа поради лошото време


Поради лошото време, НАСА за 24 часа го одложи слетувањето на американскиот спејс шатл Дискавери, со седумчлен екипаж кој денеска требаше се спушти на пистата на вселенскиот центар Кенеди во Кејп Канаверал на Флорида. Летот на „Дискавери“ е можеби и последен лет во триесет и четири годишната историја на Шатлот.

Мисијата беше проследена со многу неизвесности. Лансирањето беше одложувано неколку пати, а кога и тоа се случи на дваесет и шестти јули, веднаш беше констатирано дека при тоа се одвоиле две парчиња од површината на леталото што служи за негова топлотна заштита. Трагедијата на вселенскиот брод Колумбија, во февруари две илјади и третата година, беше причинета токму од таков дефект на заштитниот слој на шатлот кој при враќањето на Земјата се распадна во атмосферата при што загинаа сите членови на екипажот. Затоа, проблемите со сегашниот Дискавери предизвикаа и толку внимание во јавноста. Некои тврдеа дека американците не успеале да ги отстранат недостатоците и покрај огромните суми пари и две ипол годишната работа. Од вселенскиот институт во Вашингтон велат дека е наивно да се мисли оти НАСА може да ги отстрани сите грешки. Астронаутот Стивен Робертсон, лебдејќи на триста и пеесет километри над Земјата, во средата успеа, да го отстрани оштетувањето на масата што ги поврзува плочките на заштитниот слој на леталото.

„Ова ќе биде многу деликатна задача, но како што велам, ќе биде и многу проста.“

Им порача Робинсон на луѓето во контролниот центар во Хјустон каде што, како што доаѓаше моментот за слетување, нервозата растеше. Трагедиите на Челинџер во илјада деветстотини осумдесет и шестата и на Колумбија во две илјади и третата година, како и сите критики за големите трошоци за спејс шатлите, ги принудија стручњаците на НАСА да размислуваат за нивно укинување. Се појавија мислења дека проектот лансиран во седумдесетите години, со тогашната технологија, е застарен.

„Секоја година ние трошиме седум до осум милијарди долари на шатлот и на станицата. Тие пари едноставно можеме да ги потрошиме на многу покорисни вселенски истражувања.“

Вели Едвард Хачинс кој прецизитра дека еден таков приоект би можело да биде и мисија на Марс. Тоа пред две години го најави и американскиот претседател Џорџ Буш, кој освен истражувањето на Марс го најви и продолжувањето на посетата на Месечината. Со сето ова, како што сметаат експертите, тешко можат да се најдат финансии за продолжување на иднината на шатлите кои според некои секогаш на Земјата се враќал на крилата на молитвите.
XS
SM
MD
LG