Достапни линкови

Реконструирани патишта, зголемена безбедност и прифатливи цени


До пред некоја година кај нас од западниот сосед беше познат само албанскиот коњак Скендер бег. Но, во последно време и Валона и Драч градови на јадранското море често се споменувани мегу граѓаните, како можни дестинации за годишен одмор.Од туристичката агенција Маригона која што нуди аранжмани во Албанија велат дека бројот на туристи е зголемен особено во последниве две- три години.Повекето туристи патуваат фамилијарно, но има и млади луге кои се заинтересирани

„Првин се работи дека безбедноста е на ниво. Цените се пристапни, исто како во Македонија, па затоа има и голема заинтересираност на македонски турсити во Албанија. Претходните години имаше мал број Македонци, пред се поради патиштата, но сега патот е реконструиран и добар,“

вели Џемаил Ахмети менаџер во агенцијата.

И граганите велат можеби некое идно лето ке го поминат токму на албанското крајбрежје

„Наредниот период ќе се осознае повеќе Албанија како туристичко место.“
„Не сме биле, но пријатели велат дека е многу добро.“


Некои од нив кои веке поминале низ патиштата на нашиот западен сосед имаат позитивни впечатоци

„Патот е добар, се почитуваат знаци. Има полиција. Сигурно е. Ќе одам, сакам да видам.“

Оливера Џекиќ од туристичкиот сојуз на Скопје објаснува дека и во обратен случај бројот на туристи од Албанија во Македонија особено во последниве две години е во пораст.

„И кај нив демократски и политички работи се менуваат, така што имаат повеќе можност за движење и економски стандард, и нормално сето тоа влијае да може да се движат,“

вели Џекиќ и додава дека Албанскиите туристи најмногу го посетуваат охридскиот, струшкиот и преспанскиот регион, а во Скопје доагаат поретко кога патуваат транзит или пак евентуално кога посетуваат некого во западниот дел од државава.
XS
SM
MD
LG