Достапни линкови

Македонија треба да продолжи со спроведување на реформите


Македонија не треба да биде оптеретена со тоа кога ке продолжи процесот на проширување на Европската унијата. Треба само да се работи на спроведување на реформите во земјава и тоа да се случува што е можно поинтензивно, велат од политичките партии во земјава во контекст на заклучоците од самитот на унијата кои следат по француското и холандското не за европскиот устав, а според кои лидерите се согласуваат да продолжи проширувањето, без притоа да се дадат определени рокови за отпочнување на преговори со некои земји, како на пример со Хрватска.

„Она што за нас е важно да се посветиме на реформите што треба да се направат во следниот период и да не сме оптеретени со тоа кога ќе почне процесот на проширување.“

„Нам ни останува да ги завршиме домашните задачи и ако тоа го завршиме, ќе бидеме поблиску до нашата цел,“


изјавија Славица Грковска од Социјалдемократскиот сојуз и Рафиз Алити од ДУИ. Со ова се согласуваат И од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека акцентот треба да се стави на економија:

„Работите зависат од нас. Македонија мора да ги спроведе реформите и мора да има економски раст,“

изјави Влатко Ѓорчев.
XS
SM
MD
LG