Достапни линкови

Положување испит од 200 до 600 евра, бројот на откриени случаи мал


Корупција во високото образование постои. Со оваа појава запознаени се во министерствата за образование, за внатрешни работи и во невладините организации. За поткупливите професори слушнале и граѓаните кои единственото решение за проблемот го гледаат во казните:

,,На студентите им кажал дека ако сакаат да положат во јуни 200 евра е испитот, во септември е 400, а последната сесија е 600 евра. Тоа слушнав."
,,Конкретен пример не сум имал, но сум слушнал. Вината е во системот, кога би имало казна, не би имало мито и корупција. Мора и морално да се симне од функција, да се деградира. Со еден или два примери може да се реши многу."


Во невладината организација младински образовен форум велат дека според истражуваањата на фондацијата СОРОС, корупција во образованието постои и тоа во сите сектори и во голема мера, вели Марија Забрчанец од младинскиот образовен форум:

,,Причината е може да се анализира на две страни. Едната е свеста кај луѓето, а другата нема заштитни механизмни, односно не постои регулатива која што ќе го спречи поединецот да биде корумпиран."

Регулативата го спречува поткупот и на западните универзитети. А, кај нас единствена таква алатка е отворената телефонска линија за спречување на корупција на Министерството за образование, потенцира Забрчанец. Линијата постои 2 години, а досега се пријавени 27 случаи.

МВР е последен во синџирот за расветлување на корупцијата во образованието и оттаму велат дека во 2004 година се регистрирани два случаи на поткуп.

,,Се работи за двајца професори на педагошки факултет во Скопје и Штип кои побарале и примиле поткуп за да напишат повисока оцена и оцена за неположен испит,"

вели Борче Пешевски од МВР.
XS
SM
MD
LG