Достапни линкови

Исполнување на светските стандарди и подобар маркетинг


Македонските производители на прехрамбени производи извезуваат речиси на сите континети. Мора да да се исплонат одредени стнадарди и да се поседуваат лиценци, но на крајот сето тоа се исплатува, велат производителите.

Производите на акционерското друштво Витаминка од Прилеп можат да се купат во маркетите во речиси сите европски земји, Америка, Австралија. Тие извезува во 28 земји од целиот свет. Најмногу вели менаџерот на продажаба Горан Кокаровки во земјите од бивша Југославија:

,,Извезуваме редовно и во САД и во Австралија каде што има етно продавници, ги исполнуваме сите услови коишто ги бара ЕУ, во однос на извозот.”

Фирмата Мак прогрес пак иако се занимава со производтво на слатки само три години а веке две и пол години извезува-вели директорт на продажба Зоран Симеонов:

,,Извезуваме скоро на сите континенти, во дваесетина држави.”

И производите на Универзал промет може да се најдат во неколку европски земји, но од таму велат дека сакаат да зголемат извозот. Сопственикот Дарги Стојмировски смета дека тоа може да се постигне со добра промоција на призодите на странските саеми:

,,Моментно работиме на тоа, имаме договор да излеземе на саем во Келн, бевме во Париз и имаме контакти за извоз.”

Токму маркетингот заедно со уште некои други предуслови сметаат прозводителите треба да ги исполнат македонските фирми пред да излезат на странскиот пазар

,,Треба поголем маркетинг, повеќе движење по саеми, повеќе треба амбасадите да ги презентираат нашите производи и тоа.”

Од Мак прогрес пак проблемот го лоцираат и во инвенстиции на сопствениците, но и во светските модерни текови кои нашите фирми не ги следат

,,Веројатно им недостасува малку повеќе инвестиција во нови производи, во нови пазари, амбалажи, маркетинг. Тоа мора да се следи затоа што брзо се менува во светот.”

Некои фирми очекуваат и поголема помош и подршка од Владата затоа што како што велат тие на некој начин ја преставуваат Македонија во странство.
XS
SM
MD
LG