Достапни линкови

Авионот на МАТ вратен назад на скопскиот аеродром


По вчерашниот инцидент со враќањето на македонскиот авион во кој се наоѓаше македонската фудбалска репрезентација од воздушните власти на Турција, домашната репрезенатација денеска повторно ќе се обиде да го продолжи патот за Ерменија каде треба да го одигра квалификациониот натпревар со ерменската репрезенатација, ни изјави Лазар Митревски генерален секретар на ФФМ.

„Синоќа ни рекоа дека денеска во 13 часот треба да полетаме, се надевам дека денеска летот ќе биде успешен.“

Синоќа во близина на Ерменија авионот на МАТ со кој се превезуваа домашните фудбалери, од страна на турските власти беше вратен во Македонија откако повеке од еден час се наоѓал во воздушниот простор на Турција. Патешствието продолжило на скопскиот аеродром:

„По наредба на турските воени власт моравме да го свртиме авионот назад и да се вратиме на аеродромот Петровец. Тука добивме гаранција од раководните луѓе на МАТ дека за најмногу два и пол часа повторно ќе можеме да полетаме, ама не успеаја да го обезбедат тоа,“

вели Зоран Николовски портпарол на фудбалската федерација на Македонија.
Во Македонски авиотрансрот засега само изјавуваат дека тие имале уредна документација и сите потребни дозволи од европската контрола во Брисел како и од турските воздушни валсти за надлетување на нивниот простор и слетување на аеродромот во Ерменија. Оттаму тврдат дека најверојатно станува збор за недоразбирање направено од турска страна, за што во МАТ очекуваат дополнително објаснување. Наспроти укажувањата на претставниците на МАТ кои уверуваат дека кај нив не е грешката, во фудбласката федерација се незадоволни од односот на авиокомпанијата која на време ја известиле и го резервирале летот.

„Ова патување заедно со Чешка чини преку 120 илјади евра што не е малку и дополнителни малтретирања и на фудбалерите и на новинарите и на сите оние кои патуваат навистина е премногу,“

потенцира портпаролот Николовски. Ова е досега незапаметен инцидент да биде вратена една фудбалска реперезентација, за овој случај во моментов заседава и ФИФА која ги разгледува сите можности за македонските фудбалери да стигнат во Ерменија, потенцира пак генералниот секретар Лазар Митревски:

„ФИФА групата којашто е за организација на квалификационите натпревари има вонредна седница само за нашиот случај. Ова се нема случено во историјата на ФИФА да се врати фудбалска репрезентација од граница и прелет и бараа податоци зошто авионот е вратен за тие да може да преземат соодветни мерки,“

заклучува Митревски.
XS
SM
MD
LG