Достапни линкови

logo-print

Либан: Кофи Анан ја поздрави првата рунда од разговорите


Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан ја поздрави првата рунда од парламентарните избори во Либан, што се одржа вчера, прв пат во последниве 30 години без сириско воено присуство. Анти-сириската опозиција, предводена од Саад Харири, син на убиениот премиер Рафик Харири, изјави дека во Бејрут ги освоила сите 19 мандати. Гласачите во другите делови на Либан ќе се изјаснуваат во наредните 3 недели.
XS
SM
MD
LG