Достапни линкови

Секоја нова најавена ликвидација на одделни банки ја разнишува довербата на граѓаните


Секоја нова најавена ликвидација на одделни банки во земјава, ја разнишува довербата на граѓаните кон банкарскиот систем. Најактуелен пример е банкротирањето на Радо Банка, како и најавата на Народната Банка за евентулана ликвидација на уште четри други помали банки во Македонија, чие работење е посочено како проблематично. Најавите за стечај во банкарскиот ситем, секогаш се одразува врз работењето на останатите банки во земјава, објаснува првиот човек на Охридска Банка Најденко Поповски:

,,На перформансите од работењето на банкарството во целина ќе се одрази евентуалниот стечај на Банките, против кои се преземаат мерки од НБМ.”

На ова се надоврзани и актуелните проблеми со кои се соочуваат банките во државава. Во врска со ова, Поповски објаснува:

,,Секојдневно соочување со проблемите, на што ни покажува движењето на курсот на доларот кај нас и другите интервалутарни односи, непостојаноста на цената на нафтата, финансискиот Пазар и неговата загреаност, опаѓањето на куповната моќ на работниците.”

А времето на пропаѓањето на некои штедилници и повременета најава за затварање на некои банки, како актуелната, се главни причини за зголемување на иоанка сеуште разнишаната доверба на македонските граѓани кон работата на банките. Најчесто кога се одлучуваат да ги користат услугите на некои банки, граѓаните велат дека избираат поголеми и поафирмирани.

,,Банките, на поголемите им верувам, на малите не, се гледа лесно пропаѓаат.”
,,Изгорени од искуството штедам, ама довербата не е голема.”


За смена на ваквата слика на банкарскиот ситем во Македонија, надлежните институции мора да работат на донесување на соодветна законска регулатива со која ќе се спречи отворањето банки за кои се смета дека се формираат заради одредено сомнително финансиско работење, посочува експертот од Светската Банка Борко Ханџиски.

,,Непостоење на стриктни и строги критериуми во однос на тоа кој може да биде сопственик, кој може да биде менаџер, а кој клиент, зашто кај малите банки се случува тоа да биде едно исто лице, односно една иста фирма,”

заклучува Ханџиски.
XS
SM
MD
LG