Достапни линкови

Паднатиот општествен стандард и неангажираноста на младите главна причина за агресивноста


За само една недела, во Македонија се случија две убиства извршени од малолетни лица. Налдежните институции подолго време предупредуваа на зголемениот број на разбојништва, криминал и пораст на малолетничката деликвенција, но агресивноста кулминира со појава на се почести убиства, чии извршители се малолетници. Ерозија на вредности, пад на моралот како резултат на долгогодишниот период на транзиција чиј главен белег е бесперспективноста и пад на животниот стандард, објаснува професорот по социјална психологија Верица Стаменкова Трајковска.

,,Паднатите општествен стандард, невработеноста се централни фактори кои влијаат на појавата на зголемена агресивност кај населението. Кај младите оваа појава е појачана. Неангажираноста на младите, недоволната вклученост во одредени активности е следна причина којашто ја надополнува сликата за зголемена агресивност кај нив."

Во ситуација на пад на општествениот развој, семејството како една од главните ,,инстиуции,, за правилен развој на младиот човек, ја губи воспитната улога вели психијатарот д-р Михалил Левенски.

,,Семејството е учител на емоциите, меѓутоа семејството е и факултет за агресија. Тука спаѓа и семејна агресивност, што почесто се насочува да имаме неконтролирана енергија која ја спроведуваме во вид на агресија."

Психолозите се согалсни дека во Македонија отсуствува поширока општествена акција за превенција на ваквите појави, кои го доживуваат врвот, наметнувајки ситуација на агресивност која се почесто има фатален крај.

,,До сега ништо не е направено. Треба поширока општествена активност за да се влијае на зголемените здрави сили, затоа што да посегне по оружје и да убие, веќе се работи за ментално пореметување кај младите,"

заклучува професор Трајковска.
XS
SM
MD
LG