Достапни линкови

Фатмир Бесими, министер за економија. Административните бариери не се во функција на зголемување на економската соработка


Господине министре како ја оценувате изјавата на претседателот Црвенковски дека Македонија треба да воведе визи за граѓаните на Косово за да има подобра позиција во преговорите за трговскиот режим со Косово?

Јас не би сакал директно да коментирам коментар, било да е на претседател или на некој друг функционер во државава, но од аспект на министерството за економија, односно од аспект на економското значење на административните бариери, можам да кажам дека тие не се во функција на зголемување на економската соработка, меѓу партнерите, во случајов меѓу Македонија и Косово. Во тој конктекст можам да кажам дека функција и на тоа што се вика Пакт за стабилност, каде што земјите од југоисточна Европа се потписници, таму сме обврзани дека трговската соработка меѓу земјите од регионот е во насока на натамошна либерализација, со цел до крајот на 2007 да заврши со целосна либерализација на трговијата во југоисточна Европа, а со тоа и креирање на заеднички пазар на југо источна Европа, кој е еден од основните начела на интеграционите процеси, на слободно движење на стоки и услуги, што значи дека со тоа се подготвуваме за натамошна економска интеграција во ЕУ. Во тој смисол би рекол дека економско значење за регионот е да постои потесна економска и трговска соработка со цел да постигнеме повисоко ниво на економска развиеност, а со тоа и повисок живиотен стандард.

Кога може да се очекува да се потпише Спогодбата за слободна трговија со Косово, долго време се најавува?

Најавите постојат од аспект на тоа дека некогаш се постапува поамбициозно, некогаш се појавуваат непредвидени рабори. Во конкретниот случај ние се надеваме дека во тек на мај би би имало уште една средба меѓу експерти на УНМИК на Косово и Македонија и со тоа да се видат можностите за хармонизација на текстот и тоа би било во насока на зајакнување на трговската соработка, односно за натамошна либерализација на трговијата, во согласност со принципите од Пактот за стабилност.

Ќе се царинат ли македонските производи од страна на Косово?

Па, доколку имаме ваква спогодба, која би била во насока на либерализација, не очекувам промени во трговијата на Македонија со Косово.
XS
SM
MD
LG