Достапни линкови

Тезата на владата за ефтини пари како решение за излез од кризата е погрешна


Тезата која се обидува да ја протурка бизнис лобито во владата на Бучковски дека политиката на ефтини пари е единственото решение за излез од кризата е сосема погрешна предупредуваат економските ексерти. Најавеното можно емитување на евро обврзници е само дополнително задолжување на државата, долг кој еден ден повторно ќе мора да го вратат граѓаните. Моменталниот прилив на средства што би се остварил од емитувањето на евро обврзнциите само привремено би ја раздвижило македонската економија, но затоа по вратниот удар би бил многу посилен, е ставот на професорот од правниот факултет Ванчо Узунов .

,,Ефектот и во случајов е лош, државата ќе треба да ги враќа тие обврзници и тоа со камати. Пробуваат нешто да направат и во правниот систем, ама тоа споро оди.”

Дека на Македонија не и се потребни финансиски средства, покажуваат и огромниот број неискористени кредитни линии одобрени од меѓународните финансиски институции. Тоа значи дека во Македонија има ефтини пари, но нема продуктивни проекти кој можат да ги ангажираат овие финансиски средства, што се одобруваат по ниски каматни стапки. Пролемот сепак е во лошата бизнис клима.

,,Македонија и да ги продаде тие обврзници и да собере пари не направила ништо повеќе од тоа што има сега, значи или нема да ги инвестира парите или каде ќе ги троши.“

Високите камати во макеоднската економија се должат на нефункционирањето на правниот систем , болка која неможе да се излече со активирањена монетарните инструменти како што е издавањето на евро обврзници предупредува Узунов:


„Проблемот е неефикасноста на системот. Затоа нема инвестиции. Не се исплати да инвестираш. Мора да дадат високи камати затоа што е ризично да инвестираш.“


Дека во Македонија проблемот е во бизнис климата , а не во високите каматни стапки потврдува и однесувањето на комерцијалните банки кој 80% од сопствените депозити ги чуваат на сигурно во странски финансиски институции по пониски каматни стапки , наместо истите средства да ги пласират во макеоднија за што би дебиле многу повисока цена.
XS
SM
MD
LG