Достапни линкови

Прегласување во неколку скопски општини


Врховниот суд одлучи по однос на прегласувањето во Скопје, како и во некои општини во земјава, каде ќе има повторно гласање за градоначалници. ДИК пак, до доцна синоќа ги разгледуваше извештаите и одлуките на општинските изборни комисии. Јасно е дека повеќе од пет илјади граѓани со право на глас од Скопје повторно ќе гласаат за градоначалник на главниот град.

Врховниот суд уважи 19 жалби и одлучи гласањето на првиот круг од локалните избори да се повтори на 27 места. Врховниот суд постапи по 77 жалби, од кои одби 50 како неосновани. ДИК која заседаваше до доцните вечерни часови ги разгледа извештаите од општинските изборни комисии, и притоа како што ни соопшти портпарлот Зоран Таневски се утврдени општините каде ќе има прегласување на првиот круг од локалните избори.

„Шуто Оризари четири, Ѓорче Петров едно, Гази Баба едно, Бутел Едно. Ѓорче Петров, 772 гласачи, Шуто Оризари 992 и 833 избирачи. И во поништените од Врховниот суд, во првото 1119, во второто 1179. Ви Бутел, има запишано 875 избирачи. Гази Баба, 170 избирачи. Во општините: Кичево, Куманово, Тетово, Зелениково, Конче, Маврово Ростуше, Студеничани, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Шуто Оризари, Гостивар и Брвеница. Исто така, според известувањата од општинските изборни комисии, во 52 општини ќе се одржи втор круг гласање за градоначалници.“

Портпаролот Таневски информира и дека во првиот изборен круг од вкупно 84, избрани се градоначалници во 16 општини.
XS
SM
MD
LG