Достапни линкови

Гласањето, прекинато на неколу гласачки места поради нерегуларности


Третите по ред локални избори во Македонија, на кои граѓаните ја избираат локалната власт, главно се одвиваат мирно, но Државната изборна Комисија потврди дека на неколку гласачки места гласањето е прекинато поради нерегуларности. Портпаролот Зоран Таневски информираше дека во селото Моране во Студеничани, гласањето е прекинато поради физичка пресметка помеѓу членовите на избирачкиот одбор, а гласањето било времено прекинато и во основното училиште во скопската анселба Бутел:

„Според оние информации што пристигнуваат до ДИК имало физичка пресметка меѓу некои членови на избирачките одбори поради тоа дел од гласањето е прекинато, меѓутоа колку што сум информиран во Основното училиште „Климент Охридски“ во Бутел, гласањето ќе продожи, а за другите места очекуваме повратни информации“.

До инциденти дошло и во две гостиварски села, Трново и Баница. Во Трново гласањето е прекинато бидејќи одредени лица сакале да ја украдат гласачката кутија, додека во селото Бањица гласањето е продолжено, откако било прекинато поради непознати лица кои се прошетале со автоматско оружје. ДИК засега нема повратни информации за општината Желино, каде на гласачкото место во селото Горна Лешица, од десет часот гласањето е преикнато. Граѓанската асоцијација МОСТ на денешното гласање распореди 3630 набљудувачи, Славица Биљарска врз основа на нивните извештаи регистрира:

„Според програмата на МОСТ, одзивот на гласачите на територијата на град Скопје до 11 часот бил 12, 94%, во 12 часот бил 18, 92%, а во 13 часот 25,07%“.

Граѓанската асоцијација МОСТ, која на денешното гласање распореди 3630 набљудувачи ги потврди неправилностите за Скопје:

„Најчести информации кои што ги јавуваат граѓаните на 080-080-080 се делење на пропагандни материјали, агитации, упатства на партиите само на албански јазик како и групен превоз на глaсачи до избирачките места.“

Инаку во 7 часот наутро гласањето почна со отворање на сите гласачките места навреме, со исклучок на селото Ефловец во кичевско, каде што гласањето воопшто не почнало бидејќи во селото имало големи снежни наноси и избирачкиот одбор неможел да се пробие дотаму. Граѓаните на Македонија во 84 општини и во градот Скопје ја избираат локалната власт на вкупно 2 976 избирачки места, а се избира меѓу 379 кандидати за градоначлници и 445 листи на советници.
XS
SM
MD
LG