Достапни линкови

Интензивирање на односите меѓу Македонија и Црна Гора


Интензивирање на односите меѓу Македонија и Црна Гора, со главен акцент на економската соработка беше главна тема на разговорите меѓу македониот и црногорскито премиер Владо Бучковски и Мило Ѓукановиќ, што беше една од повеќето билатерални средбо што денеска во рамки на Самитот на земјите од Југоисточна европа, беа одржани:

„Топ приоритет гофинава ќе биде економската соработка и нашите заложби во регионот да ја шириме позитивната енергија на разбирање и барање компромисни решенија за сите отворени прашања. Во тој правец во средината на мај ќе бидам домаќин на двајцата мои ценети колеги Мило Ѓукановиќ и Фатос Нано. Тоа е продолжување на добрата традиција, еднаш годишно да имаме трилатерални средби“

„На тема на билатерални односи темата беше стопанска соработка. Се сложивме дека капацитетот не е на ниво на коешто посакуваме да биде и на заеднички чекори што ќе ги преземеме за тоа да го унапредиме.“


изјавија Бучковски и Ѓукановиќ коиденеска за првпат остварија средба на премиереско ниво. Во серијата билатерални состаноци, македонскиот премиер се сретна и со Фабрицио Барбасо, генерален директор за проширување на Европската Комисија при штоБучковски ги потенцирал идните заложби и очекувањата на македонија, до крајот на годинава да добие статус на земја кандидат за членств во Европската Унија. За важноста за проширување на соработката и продлабочување на дијалогот меѓу Македонија и Бугарија, се заложија претседателите на двете земји Бранко Црвенковски и Георги Прванов кој денеска во Скопје токму за таа цел отворија културно информативен центар, што освен во земјава ќе биде отворен и во Софија, а кој ќе демонстрира отфрлање на балканските стереотипи и практикување на европсктие норми и вредности во билатералните односи мегу двете земји.
XS
SM
MD
LG