Достапни линкови

Главна цел, добивање правни промени и развој на „геј“ културата


Лицата со хомосексуална ориентација во нашата земја, формираат своја организација, преку која ќе се обидат да се изборат за своите права. Македонската асоцијација за слободна сексуална ориентација е формирана во септември минатата година, но со своите активности почнала во ноември, а гланата финансиска поддршка, за сега, ја добиваат од Шведскиот хелсиншки комитет:

„Главната цел нас ни е да добиеме есенцијални правни промени, тоа значи, дека ако некаде отидете на интервју за работа и кажете дека сте „геј“, да имате можност да ја добиете таа работа. Затоа што, кај нас сега, ако јавно се декларирате не мислам дека ќе ја добиете таа работа. Од друга страна, она што е многу важно за нас, е работата на развивање на „геј“ културата, затоа што имаме многу креативни и продуктивни луѓе, во Македонија, па и во светот, кои се „геј“, а кои плашејќи се не излегуваат, не работат и го потисунуваат потенцијалот во себе,“

вели претседателот на оваа организација Кочо Андоновски.

До сега, околу 40 лица потпишале пристапница во Организацијата за слободна сексуална ориентација. Меѓу нив, има и лица од јавниот живот, но нивните имиња се држат во тајност:

„Имаме такви членови, но членството кај нас е тајно, освен, ако самиот член не одлучи да се произнесе јавно, дека кај нас членува. За овие три месеци откако функционира канцеларијата, имаме околу 40-тина членови официјално, со пристапница, но бројката на оние кои комуницираат со нас е многу поголема преку нашиот веб сајт, има такви кои се плашат, токму затоа и ние се оформивме. Треба време и многу работа да се подигне самодовербата кај „геј“ популацијата.“

Етничката структура на членовите на оваа организација е различна, не има од сите заедници, вели Андоновски. Портпаролот е од албанска етничка припадност и доаѓа од Тетово. Јетон вели дека проблеми со своите сограѓани имал и ќе има, но решен е да дотрае до крај:

„Проблеми ќе има се додека граѓаните не сфатат дека ако сум „геј“ или би-сексуалец, не мора да значи дека сум болен, дека тоа е болест, тоа се емоции, кои сакаш да ги живееш и треба да ги живееш, а тоа за проблемите во градот и републикава, ќе ги имам и ќе ги имам. Има неколку Албанци зачленети, има многу со кои јас контактирам од Гостивар, Тетово, Куманово, Скопје, Струга, а исто така деновиве добив и меил од мои двајца другари од Косово кои ми даваат поддршка за работата што ја вршам тука“
XS
SM
MD
LG