Достапни линкови

logo-print

Лондон: 15 британски војници загинале во уривање на транспортен авион


Британското министерство за одбрана соопшти дека во вчерашното уривање на еден транспортен авион во Ирак загинале петнаесетина британски војници. Авионот од типот Це 130 Херкулес кој летал на линијата Багдад Балад, на северот на земјата, се урнал четириестина километри од ирачкиот главен град. Претставник на министерството наведе дека засега нема информации за причините за уривањето на авионот.
XS
SM
MD
LG