Достапни линкови

Продолжува постапката за правична и соодветна застапеност на Албанците


И годинава продолжува постапката за правична и соодветна застапеност на Албанците во јавните институции и државната администрација. Само во МВР од потпишувањето на Рамковниот договор до сега, застапеноста на Албанците е зголемена за десет насто:

„До 2001 година, застапеноста на Албанците, во МВР изнесувало 3,9 насто, за денеска, почеток на 2005 година, процентот да биде 13,9 насто,“

вели портпаролот Горан Павловски, кој додава дека Албанците се застапени во сите структури на ова министерство:

„Може да се каже дека Албанците се застапени во целата хиерархија, од обични полицаијци, раководни функции, началници на сектор, значи секој вработен на министерството, соодветно напредува или се спушта, без разлика на етничката припадност.“

Освен во државните институции, паралелно се одвива и процесот за вработување на Албанците за вработување во јавната администрација:

„600 курсисти, ја завршија обуката и беа промовирани во джравни службеници, коишто во најголем дел се распоредени, уште мал дел треба да се распоредат во сите државни органи на управата и сигурно во тој дел се реализира принципот на соодветна застапеност во јавната администрација,“

изјави директорот на Агенцијата за државни службеници Александар Гештаковски. Истиот процес продолжува и годинава:

„Во буџетот за 2005 се смета да се примат сто припадници на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија како преведувачи и уште 300 високо образовани кадри кои ќе бидат распоредени по другите државни органи во Република Македонија, со тоа што во голем дел се остварува принципот на соодветна и правична застапеност врз основа на компетентност и стручност на припадниците на заедниците.“
XS
SM
MD
LG