Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: Според Џорџ Буш, не е неопходно да се бара одговорност за настаните во Ирак


Американскиот претседател Џорџ Буш смета дека не е неопходно да се бара одговорност од никого во американската администрација за развојот на настаните во Ирак, бидејќи американските гласачи веќе се произнесоа за случајот. Во интервјуто за денешното издание на Вашингтон Пост, Буш вели дека претседателските избори во ноември дале јасна претстава за мислењето на американците. Тој во интервјуто, не потврди дали оваа година би можел да биде намален бројот на американските војници во Ирак, по неодамнешната информација што ја соопшти Колин Пауел.
XS
SM
MD
LG